1. Општи одредби

Овие правила и услови ги уредуваат односите меѓу Друштво за производство, интелектуални услуги и трговија СЕРАФИМОВ ГРУП ДООЕЛ Струмица (во понатамошниот текст: „Serafimov Group“, ЕДБ MK4027018528517, матичен број 7276052, ул. Невена Стојкова 17/1-7, 2400 Струмица) и корисниците на неговите услуги и веб-страницата serafimov.group.

2. Услуги

Serafimov Group нуди изработка на веб-страници и онлајн продавници, интеграции (плаќање, достава, фактурирање, ERP), хостинг и домени, графички дизајн и одржување. Обемот на секоја услуга се утврдува во писмена понуда.

3. Понуда и договор

Понудата содржи опис на услугата, цена, рок и услови за плаќање. Договорот се смета за склучен кога клиентот ќе ја потврди понудата писмено или по е-пошта.

4. Цени и плаќање

Цените се наведуваат без ДДВ, освен ако не е назначено поинаку. По потпишана понуда не се наплатуваат дополнителни трошоци, освен за барања надвор од договорениот обем. Начинот и роковите на плаќање се утврдени во понудата.

5. Рокови

Роковите се утврдуваат во понудата и важат под услов клиентот навремено да ги достави потребните содржини, пристапи и одобренија.

6. Сопственост

По целосно плаќање, клиентот ги стекнува правата за користење на изработениот сајт и содржините. Доменот се регистрира на име на клиентот. Клиентот може во секое време да побара извоз на сајтот.

7. Гаранција и одржување

Serafimov Group дава 12 месеци гаранција за грешки во кодот на испорачаното решение, без надомест. Гаранцијата не се однесува на грешки предизвикани од интервенции на трети лица, ажурирања на надворешни додатоци или хостинг надвор од наш надзор. Одржувањето и поддршката се договараат посебно.

8. Одговорност

Serafimov Group не одговара за индиректна штета и изгубена добивка, ниту за прекини во работата на услуги на трети страни (банки, куририски служби, платформи). Одговорноста е ограничена до износот што клиентот го платил за соодветната услуга.

9. Доверливост и лични податоци

Информациите добиени од клиентот се чуваат како доверливи. Личните податоци се обработуваат според нашата Политика на приватност и Политика за колачиња.

10. Измени и применливо право

Serafimov Group може да ги менува овие правила со објава на оваа страница. Се применува правото на Република Северна Македонија, а споровите се решаваат пред надлежниот суд.

11. Контакт

Прашања за правилата: [email protected], +389 71-345-888.

WhatsAppViber