Веб страни и е-продавници што носат клиенти. Изградени на WordPress и WooCommerce.

Започнуваме со вашиот бизнис

Пред да нацртаме и една страница, разговараме за тоа што продавате, на кого и како се плаќа и испорачува. Од тоа зависи структурата на сајтот, менијата и начините на плаќање.

Ваше, без врзување

Користиме WordPress и WooCommerce – платформи со отворен код. Сајтот и содржината се ваши и можат да се пренесат каде сакате.

Управувајте сами

Контролната табла на WooCommerce е позната и едноставна: додавате производи, ги следите нарачките и ги печатите испратниците. Ве обучуваме како да ја користите.

Продавајте што било

Физички и дигитални производи, термини, претплати, варијации и пакети – WooCommerce ги поддржува сите.

Македонски интеграции

Плаќање со картичка преку i-Pay, курир преку Woo2ELS, фактури преку e-Billing 2.0 и синхронизација на производи и нарачки со Pantheon преку iCommerce.

Брзина и мерење

Оптимизираме за брзина на мобилен и поставуваме мерење на посетите и нарачките, за да знаете што носи клиенти.

На повеќе јазици и валути

Сајт на повеќе јазици и цени во повеќе валути, онаму каде што е потребно.

Хостинг и поддршка

Хостинг, домен и техничка поддршка на едно место, од локален партнер во Струмица.

WhatsAppViber